АЛЕКСАНДРА ПРВА НА ,,ИНТЕРФЕСТ,, ЗА КЛАВИР

Со девет години Александра Гическа плови по брановите на музиката. Александра е трета година во музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”, но практично една свири на клавирот. Минатиот месец се искачи на врвот на Меѓународниот натпревар по пијано Интерфест. Им “подкраднала” воодушевување и аплауз од стручната комисија. Редок талент. Најдобра е по солфеж, беше на два државни натпревари каде освои дипломи за прво и трето место, на ревијален концерт во Скопје има 15 настапи на манифестации – кажува професорот по пијано, Филип Пеоски. Со уживање, три четири часа, секојден вежба на клавирот. Дисциплинирана е зашто желба и е професионално да се занимава со пијаното. Композициите на Бах, Моцарт, Бетовен, Шопен, сонати… едноставно, како пердув се лелеават нежно под прстите на големата душа. Александра веќе ги совладала успешно композициите кои се учат во шестта и седма година. Мислам дека талентот ми е од предците. кои свиреле на хармоника. Дома вежбам на електрично пијано кое е лесно за вежбање, но прекрасно е кога свирам на клавир. Звукот е различен. Наградите ми се доказ за вложеното и им се радувам   – кажува Александра. Брзите композиции и се мерак. Убавиот тон, желбата да свири и пее ја носи во крвта. Според професорите Александра е подготвена за голем натпревар по пијано во Белград, во март идната година.

Loading