СПАСЕНИОТ ЖИВОТ

Награден расказ, од ЈОУ,,Градска библиотека – Борка Талески,,

Летен сончев ден. Помислив ќе минам пријатно попладне. Пожар во посредното соседство ме вознемири. Вивна дом. Пламените јазици и чад се јазеа кон небото. Неколку животи беа во опасност. Прво помислив: да се јавам во противпожарната служба, да помогнам и јас. Гореше сé. Некој свика:

-Да ги извадиме вредните предмети! Друг праша, дали домашните се излезени надвор? Возрасен дедо, избезумен од глетката , ги побара внучињата. Секавично се пребројуваа членовите во семејството. Списка преплашената мајка: – Ми го нема Орданче…! Воздухот и просторот го параа пожарниот автомобил и сирената. Возрасни пожарникари со шлемови на главата, со секири и противпожарни црева во рацете го гаснеа пожарот. Еден од нив храбро се втурна низ огнот во домот што гореше. Пожарникар излезе заедно со Орданчо. Присутните возбудени, со аплауз го пречекаа. Солзи и восхит. Присутниот лекар констатира дека Орданчо мина со незначајни изгореници. Пожарникарите брзо и одговорно го смирија пожарот. Со врсниците помогнавме тргнувајќи ги опожарените предмети настрана. Секој од нас тргна кон својот дом. Донесовме – кој столица, ткаенини. Домаќините се созедоа. Со неизмерна благодарност допреа зборовите од родителите. Изгубеното ќе се купи со пари, а животот на синот е најважен од сé. Очите ми се насолзија од радост. Моето другарче Орданчо им избега на пламените јазици и се сокри во прегратките на блиските од семејството.

Деспина Башеска 4-1 одд. , освоено трето место

ОУ,,Добре Јованоски,, – Прилеп

Loading