РАКАТКА ОД ПЕСНА

На Охридскиот фестивал за детско творештво ,,Детски лирски треперења,, седмооделенката Милена Трајкоска со поетска творба на слободна тема го претставила основното училиште ,,Блаже Конески,,. Творбите од учесниците биле овековечени во алманах. Милена и менторот Виолета Христоска добиле дипломи. Милена била успешна и освоила втора награда со поетската творба ,,Единствена,, на годинешниот традиционалниот литературен конкурс кој го организира Градската библиотека ,,Борка Талески,, од градов, а била дел и од 43 – те ,,Детски рацинови творби,,. Пишувам проза и поезија и со учеството на разни натпревари и литературни конкурси се дружам и инспирирам неуморно да творам – вели Милена Трајкоска.

Loading