ПОФАЛНИЦА ОД ВЕЛЕШАНИ ЗА ФИЛИП ФИЛИПОСКИ

Тројца ученици од ОУ,,Блаже Конески учествуваа на Детските Рацинови средби. Филип Филиповски и Александра Виданоска од шесто одделение и Милена Трајкоска – седмо одделение, беа дел од 43 – тите ,,Детски Рацинови средби,, во Велес. Нивните творби се најдоа меѓу 760 – те одбрани. Филип Филиповски со неговата творба бил меѓу 25 – те најуспешни, а за тоа добил пофалница. Училиштето ,,Блаже Конески,, доби благодарница за учество на Детските Рацинови средби,,. Покрај со лични творби, двајцата ученици учествуваа и на ликовната и грнчарска работилница, составен дел од оваа културна манифестација. Успешни се и Христина Ноческа и Никола Момироски на полето на пишаниот збор – објасни наставничката по македонски јазик Виолета Христоска. Учениците пишувале творби на тема ,,Од училишниот споменар,,.

 

Од училишниот споменар 

 

Во споменарот има многу желби,

и во него нема место

за неубави работи и делби.

 

Во него на сите страни,

убави школски другарувања,

спомени цел куп збрани.

 

Пишан е првиот училишен час,

нашата збунетост од непознатото,

и родителскиот учителски глас.

 

Сеќавањето на тешките творби

Бројки, букви – нови стихотворби.

 

Учењето на букварот – збор по збор,

Дружењето во училишниот двор.

 

Екскурзиите посебни чувства будат,

за цел живот остануваат

и незаборав нудат.

 

Има тајни кои не смеат да се кажат,

во споменарот остануваат

и само за него важат.

 

Другарството, другарството е голем дар

и сето тоа со љубов е запишано

во училишниот споменар.

 

Филип Филиповски, 6-3 одделение 

ОУ,,Блаже Конески,, – Прилеп 

Loading