ТРОПАЛКИ ЗА ИСТОРИЈА

Глас привлекува да се ѕирне кон децата со штракалки в рака. Тропалките се последен “хит” за децата. Звукот и ритамот ги привлекуваат и повозрасните. Овој “изум”, познат за постарите, пак се врати во мода. Лесно и вешто, децата ги движат со рацете тропалките, предизвикувајќи необичен звук, специфичен за навивање на спортски мечеви. Но, кога нешто доаѓа, или се враќа, тогаш го има на секој чекор, особено во училишните дворови, “Заразени” се не само основците, туку и средношколците, кои движјќи ја раката горе-долу ги удираат врзаните точиња едно со друго. А новата шема” е тропот на бетон, без да се почувствува болка при промашување на движењето на топчињата. Умешноста е брзината, но и во времето на тропањето. Петар не знае да ги држи тропалките. Не знам да тропам, не ми оди оваа нова пасија – сериозно вели Петар и замина како ветар. Но, малкумина се како Петар. Марифетот на тропањето се шири.

Loading