ЧУВАЈТЕ МИ ЈА ЕВГЕНИЈА

…Беше едно убаво пролеттно утро. Како и секогаш Џесика се разбуди и отиде на училиште. Имаше седум години и учеше во прво одделение. Откако се врати дома се преоблече, ручаше ја напиша домашната работа и и рече на мајка и:

– Мамо ќе одам да си играм надвор со децата.

– Оди чедо, но да се вратиш побрзо – и рече мајка и.

Сите деца си носеа играчки. Џеси носеше кукла по име Евгенија. Таа беше нејзина омилена кукла. Меѓу децата беше и Санти. Имаше пет години и копаше во земјата, сакајќи да направи кула. Копајќи Санти најде пиштол.

– Видете колку убава играчка си најдов ! – извика покажувајќи им го на сите пиштолот. Сите се насобраа околу Санти. неочекувано тој извика:

Стој! – и го впери пиштолот кон Џесика. Таа му се насмевна, а Санти го повлече чкрапалото. Се слушна силен звук. Цесика падна на земја. Нејзиното бело фустанче го натопи црвена крв. Куклата падна од нејзините раце. Едно од децата отиде да ги викне нејзините родители.

– Џесика отвори ги очите – викаше мајка и држејќи ја во прегратка.

Дојде и мајката на Санти кој плачеше силно. Се тресеше во нејзините раце и викаше:

– Извини Џесика, играчката пукна.

Џесика го слушна. Ги отвори очите и рече:

– Чувајте ми ја Евгенија…

Полицијата утврди дека тоа беше несреќен случај. Уште многу оружје се најде на тоа место кое некогаш било бојно поле.

Санти никогаш не ја заборави Џесика…

Лански дел од првонаградениот расказ на тема

Војната долго се осветува” на Марија Јорданоска

Loading