ВОЗОТ НА НОВА СТАНИЦА

Возовите што одат љубовта ми ја зедоа…се вели во песна. Локомотивата од возот ,,легнала,, на чакалот зад ОУ ,,Климент Охридски,,. Осамена и нема. Впечатокот е дека децата поминуваат крај неа и ја одминуваат. Го нема пискотот и чадот на парните котли. Не ѕиркаат во нејзината празнина, да ја наполнат со детска фантазија. Постарите, паметат убавина во постоењето, ,,закотвена,, во детскиот парк кај Судот. Колку ли детски раце ги прегрнале металните држачи, прилагодени за акробатски вештини?!. Тесни прооди, умешно одење по тенките шипки на металниот воз, да се стигне до целта, да се помине локомотивата долж и попреку. Како движење, изведување на вештини на челична жица неколку метри висока. Колку љубов однесоа и донесоа правливите вагони.

Loading