КОЗМЕТИЧАРИ ЗА ПРИРОДЕН РИТАМ НА ТЕЛОТО И ЛИЦЕТО

Елена Крстеска и Кристина Богданоска се младите козметичари во СОУ “Ѓорче Петров”. Ги привлекува педикир, односно средување на ноктите. За масирање со кремови и масла и правење на лицето “гланц” се грижат Благојче, Андреа и Елена од 3 – 4. Што значи убавината на телото, на лицето, чистотата, хигиената, шминката. Што значи ведрината и насмевката, здравата исхрана, вежбите за обликување на телото, восочната депилација, препаратите кои се употребуваат, ефектите од ангажманот на козметиката, типовите на кожа успешно пренесува Ангела Младеновска, професорка по медицински предмети и пракса за козметичари. Учениците учат и се усовршуваат да продолжат да негуваат еден дел од телото. Учиме каков треба да биде односот со клиентите. Во кабинетов имаме скоро сé што е потребно. Најмногу волја и ентузијазам од младите за козметиката. Им демонстрирам како треба на еден од учениците, а потоа меѓусебно вежбаат – објаснува Ангела. Поликсенија Јованоска, заедно со другарите, велат дека сé што учат применуваат прво на себе, па на блиските, а ги подучуваат со совет и пријателите и познаниците. Се гледа на нас. Сите сме средени и чисти. Сé што учиме употребуваме во секојдневниот живот. Посебно интересни се вежбите за обликуване на телото и масажата – се смеат Ангела Тасеска и Поликсенија Јованоска. Вистина. Ѕирнавме во “корпа” со росни цветови од “Ѓорче Петров”, заедно со шармантната младост базирана на природната козметика, која го следи биолошкиот ритам на кожата. Го балансира и ревитализира духот и телото.

Loading