ПРВИ ВО СВИРКА НА ГАЈДА И ТАПАН

Ученици на ОМУЦ ,,Ордан Михајлоски- Оцка,,

Давид Атанасоски на гајда и Менде Нелоски на тапан, од класата на професорот Мендо Ташкоски при ОМУ ,,Ордан Мијалоски- Оцка,, освоија прва награда во етно состави на првиот меѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци. Учениците Благојче Најдоски на тамбура, Марина Иваноска на тамбура и Стеваноски Даниел на тапан, освоија втора награда, додека во дисциплината „ДУО ПИЈАНО” категорија А ученичките Бистра Петреска и Елена Петреска во класата на Игор Николоски и Кире Гаралоски освоија трета награда. Макотрпната работа со многу проби и дополнителни часови роди плод. Музичкото училиште и Прилеп се гордеат со наградените таленти – вели професорот Менде Ташкоски. Во Кавадарци се натпреваруваа ученици од Македонија, Србија и Бугарија.

Loading