ПЕСНИЧКИ

ЕСЕНСКИ ОРКЕСТАР

Шуш, шуш! Нешто в шума шушка.

Шуш, шуш! Лист со лист се гушка.

Шуш, шуш! Се ронат од гранките.

Шуш, шуш! Ќе паднат врз дланките.

 

Кап, кап! Сив облак се поти.

Кап, кап! Тој пее по ноти.

Кап, кап! Капките се ронат.

Кап, кап! Низ облаците ѕвонат.

Фиу, фиу! Кој свири на труба?

Фиу, фуи! Тоа ветерот дува.

Фиу, фиу! Тој јури во час.

Фиу, фиу! Есен е кај нас!

Ангела Ѓорѓијеска -3б ОУ”Рампо Левката”

 

ЕСЕН

Лисја жолто – златни

Од дрвјата се ронат,

А со нив есента

Природата ја краси.

 

Од жолтите дуњи

Бабата вкусно слатко прави,

за во ладните денови,

внучињата да се сладат.

Симона Камческа – 3б- ОУ”Рампо Левката”

Loading