МРЕЖАТА ОФАНЗИВНО ЈА БРАНИМЕ

Фудбал: Дејан Кебакоски, голман на 11 Октомври

Топката е далеку од мојот гол – вели Кебакоски

 

11 Октомври го подобрува рекордот со 914 минути непримен гол. Заслугата е на сите. На последните четири меча успешна замена за повредениот голман Пеце Коруновски е помладиот Дејан Кебакоски. Топката е далеку од голот. Ретко имам тешки удари. Ривалите ги притиснуваме, играме офанзивно. Тактиката на Здравески придонесува лесно да се одбраниме – смета Кебакоски. Последното гостување кај Риниа, во Гостивар било успешно. Домашните притискале, но одбраната на не попушти. Конечниот исход 0-0 поволен. Не се исплашивме и наместо повлекување, напаѓавме. Штета е што не искористивме една шанса. Еден гол ќе беше доволен за триумф – смета Кебакоски. В недела е мечот со кичевски Влазерими, со шанса за нови 90 минути недопрена мрежа. На гостите нема да им се дозволи игра подалеку од нивниот шеснаесетник. Планот е две победи до крајот. Двапати играме дома. Фаворити сме. Сериозно можеме до максимални шест бода за прво или второ место – оптимист е Кебакоски. Конкуренцијата во тимот е голема. За голманската, покрај Кебакоски и Коруновски, се наметнува и Александар Игески, со двојна регистрација позајмен на третолигашот Младост од Кривогаштани.

Кога едниот е повреден или казнет, другиот брани, третиот е подготвен. Имаме одлични, современи тренинзи со Круме Митрикески. Во 11 Октомври сум подолго време и никогаш клубот немал ваква врвна организација, што е гаранција за влез во прва лига – смета Дејан Кебакоски.

Тренира Мегленски

Тони Мегленски се раздели од црногорски Петровац и тренира со 11 Октомври. Можно е ново засилување за второлигашот. Поранешниот репрезентативец беше во Албанија и Хрватска, а најдобри игри покажа како капитен на Победа.

Деветти пат 3 000 гледачи

В недела (13 ч.), на стадионот “Гоце Делчев” пак ќе се соберат 3 000 гледачи. Навивачите уживаат во играта на 11 Октомври. Коментираат дека полна трибини немало одамна. Тимот, заедно со тетовскиот Шкендија, е најгледан. Играме со срце. Прекрасна е поддршката од трибините. Заедно одиме до целта – порачува голманот Кебакоски.

Loading