ТАЛЕСКИ ВО ГЕРМАНИЈА

Млад на печалба

Кире Талески (19) замина во Германија. Надежниот играч од младинската школа на Победа, дефинитивно стана член на третолигашот Кил. Таму тренираше лани, а сега ги комплетираше документите. Четири месеци траеше процесот. Одев по институции за разни хартии. Помогна договорот, а најмногу сопственикот на клубот. Два дена беше во Македонија. Лично појде во амбасадата и се заложи бргу да се заврши работата – задоволен е Талески. Меѓу најмладите фудбалери од Прилеп замина на печалба. Лани отиде Илија Несторовски и Зоран Даноски, голгетерите на чешките клубови Словачко и Мост.

Loading