ДЕЦАТА, РАСТЕНИ ВО МУЛТИКУЛТУРА

Во ОУ “Добре Јованоски”

Заедно растат и се образуваат 2166 Роми и Македонци во ОУ “Добре Јованоски”. Околу 90 вработени се грижат наставата да тече во хармонична атмосфера. Се обидуваат да им ги “отворат” очите и правилно да ги насочат во животот во училиштето, сместено во населбата Тризла. Точно 857 ученици се Роми. Децата растат и се дружат од мали. Во близина е и градинката, маалото. Учествуваат и следат заеднички културни манифестации. Трогнува кога се гушкаат – вели Виолета Лашкоска, директорка на ОУ “Добре Јовансоки”. И семејствата и децата покажуваат интерес за образовање. Се организираат и дополнителни часови да се задржат децата во образовниот процес. Наставниците се трудат да се поедностави материјалот – објаснува Лашкоска. Има и првенци на генерација, како на пример Ѓукија Узеироска и Доан Асаноски. Успешни се учениците во натпреварите во свирење со хармоника, стрелаштво и боречки вештини на државни натпревари. ОУ “Добре Јованоски” постои 56 години. Летово ентериерот е сменет, малтарени се и молерисани се ѕидовите, паркетот е лакиран, старата дрвена дограма е заменета со нова. Сето со донација од НВО,, Козви,, од Италија и прилепската ЛС. Се планира реконструкција на греењето, санирање на фасадата и изградба на фискултурна сала.

Loading