ВТОРО МЕСТО НА ПРОТИВПОЖАРЕН НАТПРЕВАР

ОУ ,,Климент Охридски,,

Екипата на ОУ,,Климент Охридски,, беше втора на 26 – от општински противпожарен натпревар. Екипата ја сочиунувале Бојана Тодороска, Елена Спиркоска, Теодора Тасевска и Ивана Адамческа. Писмено одговаравме на прашања. Беше лесно. Мило ни е за освоеното место, зашто бевме најмали од сите. Ние бевме шесто одделение, а другите екипи беа со ученици од седмо и осмо одделение – вели Теодра Тасевска. Со противпожарните правила Теодора, Бојана, Елена и Ивана се запознале на час по биологија, кај наставникот Петре Спиркоски, а омилени им се и предметите математика, информатика, историја и јазици. Професорите и директорот на училиштето Добривој Талимџиоски, се задоволни од успесите, а резултатите се објавуваат преку разглас или пред родителите. Учениците кои го промовирале училиштето ќе добијат диплома или пофалница, книга и некое техничко помагало – фотоапарат, двд плеер и слично – кажува директорот Талимџиоски. Ученици на ОУ ,,Климент Охридски,, се и Маријана и Мишела Димоски кои како дел од карате репрезентацијата добија 3-то ноемвриска награда.

Loading