СЛАВА НА ГЛАВА

Валандовските гимназијалци расположени, натокмени, со песна и гитара “долетаа” во Прилеп за средношколска игра и забава наречена “Средношколско рандеву”. Учествуваме на рандевуата. Бевме дел од нив во Скопје – велат валандовските гимназијалци. Од Богданци дојде глас гимназијата да пее на “бас”. Електрониката им стана пречка, да настане “образовна” смешка. И на пластифицирана гитара може да се свири и забава се прави. Треба малку сенс, за средношколски “денс”. Две групи напуштија од револт. Затоа доцни манифестацијата – кажа Ѓорѓи Гагалески, професорот од “Орде Чопела”, задолжен за дел од организацијата. Фотографиравме и чекавме цел час и на крајот на рапортот му дојде спас, ама не слушнавме освен фонија, никаков глас.

Loading