ПРЕЦИЗНИ ОЧИ НА ФИЛИП И ХРИСТИЈАН

На влезната врата од ОУ ,,Блаже Конески,, стои знак забрането внесување оружје во училиштето. Тоа не значи дека нема талентирани ученици за гаѓање со воздушна пушка. Филип Бурнески од 8 – в одделение е македонски државен првак кај пионерите. Две години тренира во стрелачкиот клуб ,,Нишан 08,, Најважен е ставот, смиреноста, контролата на дишењето и психо – физичката подготвеност. Треба целосна посветеност и по неколку редовни тренинзи неделно – вели Филип. Со другарот Христијан Михајловски уживаат во прецизноста при погодувањето на целта. Тоа ни е хоби. Но не значи дека нема да бидеме репрезентативци. Сега сме во категоријата пионери до 14 години. Вежбаме со обична пушка. Повозрасните гаѓаат со нишан со различна пушка – кажува Михајловски. Професорот Тони Николоски вели дека во ниту едно училиште нема услови за стрелаштво, па ни кај нив. Тоа не е причина, учениците да не тренираат во приватни клубови и да не освојат по некој пехар за училиштето.