ПАРНО, НАМЕРНО ПАМПУРИ ПО ПОЛОВИНА ВЕК

Средношколскиот училиштен центар “Ѓорче Петров” во Прилеп доби централно парно греење. По 47 години, конечно, шпоретите на дрва, со кои се затоплуваа училниците, се исфрлаат од употреба. Предимствата на централното парно греење за затоплување ќе ги користат над 930 ученици кои совладуваат наставни програми на 2000 квадратни метри површина да бидат идни медицински сестри, текстилни работнички, козметичарки, рудари и фризери. Инвестицијата од 3.8 милиони денари е на на Министерството за образование. Во Средношколскиот центар учат 930 ученици. Условите ќе се подобрат и со замената на старата и дотраена столарија. Веќе се користат европски пари, за што училиштето аплицирало до европските пари преку преку Министерството. Промената на вратите и прозорците чини околу 3,8 милиони денари. Се гради и спортска сала, а се прават напори и за обновување на фасадата.

Loading