,,КАЖИ НЕ, НА ДРОГАТА,,

Учениците од прва година во гимназијата “Мирче Ацев” беа дел од презентацијата на проектот поврзан со злоупотребите на опојните дроги. “Кажи не, на дрогата” беше предавањето од полициските инспектори Дејан Ангелески и Билјана Мантароска и психологот од ОО на Црвениот крст Марија Неделкоска. Предавањето беше поучно, исполнето со раскажувања за вистински случки, со интеракција – разговор меѓу учениците и предавачите. Ќе имаме и крводарителска акција за учениците од четврта година. Задоволни сме што има хумани гимназијалци, кои се организираат да помогнат каде што може да се помогне – кажа Весна Михаилоска, директорката на гимназијата. Лани гимназијалците се информирале и работеле на проект за “Трговијата со деца”.

Loading