ЕКОНОМИСТИ – ТАЛЕНТИРАНИ АРТИСТИ

Доан Сулејманоски, Симона Илиоска, Марија Аџиоска, Елена Стеваноска, Маја и Марта и се столбот на драмската секција во економско СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”. Професорката Лидија Паноска, со режисерски сенс за актерски израз, ги води низ тајните и варијатетите на глумата. “Мрзливата жена и метлата”, “Ете зошто ја нема Црвенкапа”, “Свињарот и принцезата” се дел од репертоарот на аматерите кои сакаат да бидат дел од “штиците кои живот значат”. Некои се членови и на аматерското драмско студио “Пет до 12”. Од петтодделенец активен сум во драмските изведби за смотрите, и проектите на НВО… Инспириран сум од Џумерковата глума. Убаво ми е во комедии. Интересна е тимската работа во секцијата. Професорот оставаат лабав простор да се вклопиме и критички да се осврнеме на изведбата. Даваме сé од себе за добра глума и изведба. Се радуваме кога другите се задоволни од нас – вели Доан Сулејманоски, кој зад сцена има поголема трема отколку на сцена. Тој бил дел и од драмата “Женско царство” и играл на други текстови и сцената.

Loading