ДЕТСКИ СУВЕНИРИ ОД МАЖУЧИШТЕ

Бојан, Филип, Сара, Евгенија, Новица, Александра, Марија, Теона, Лихнида, Бобан, Антонио и Горан се ученици во подрачната паралелка на ОУ “Климент Охридски” во селото Мажучиште. Точно 12 ученици од прво до петто одделение се комбинирана паралелка на разни генерации, седнати во клупите на реновираната училница. “Климентовите потомци” се потрудиле со помош на учителот Цветанчо Волчески, да изработат сувенири. Мали кошеви, денгови, рамки со тутун. Ги развивале творештвото и мислата. Имале простор за креативен израз, работејќи под мотото “Музеите во училиштата – училиштата во музеите”. Соработувале со Завод за заштита на историските споменици и Музеј – Прилеп. Умешните раце скроиле тутунски раскази од секојдневието, кое им тежи на родителите. Покажале дека и детското срце не е рамнодушно, туку инвентивно. “Кројката” на минијатурната рамка со тутун за сувенир им даде поука дека “тешко е лист по лист да се реди и нема време да се седи. Тоа е голем чекор, во светот на научниот декор”. Учителот насока им дава и децата во недоумица ги става. Да мислат умно како да скројат идеја, за насмевки да се разлеат. Лани, ученикот Бобан Нешкоски бил најдобар рецитатор. За разни успеси и промовирања на дарбите на мажучиштанските ученици, паралелката и учителот добиле признание и од претседателот на месната заедница.

Loading