СО СМЕА , ГЛУМА ДО КРАТКА ПОРАКА УМНА

Дел од ученици од ОУ “Рампо Левката” импровизирано за еден училишен час уживаа, глумејќи и дожививајќи ликови од лектирата “Македонски народни хумористични приказни”. Соодветно облечени за улогите, со детско око и ум кој ѕирнал и ги забележал сплетките во семејниот живот, детството, училишното другарување со книгите. Децата соживеани со улогите, на момент се однесуваа како светот на искусните актери. Приказните “Мрзливата жена”, “Непотребна кавга”, “Час по физика”, “Семкарот што продава семки”, “Мајсторот што го турнал оџакот”, “Селанецот и оџата”, како кратки исечоци носат едноставна, но ефективна порака. Ваквата разработка на приказните од лектирите им е интересен и несекојдневен начин на комуникација со современиот живот. Се групираме и одбираме приказна. Ги распоредуваме улогите. За еден викенд може да ги извежбаме и улогите, и да склопиме една складна целина – велат децата.

Од скечовите им останува порака, идеја во главата. Како што велат ,,не е се до чалмата на главата,,. Учениците се многу талентирани за изразување и за глума. Некои се уметници и при рецитирањето. Прекрасно изведуваат и се соживуваат со улогите. Класичниот начин на разработка на лектирата е потребен. Но, потребно е освежување и интересен допир до мислата и чувствата на децата. Драматизацијата е нешто помодерно, кое не им одзема многу време на децата. Тие слободно одлучуваат. Ги осмислуваат улогите. Тоа всушност се и кратки еко поуки од приказната. Прочистени низ детската мисла и гестикулација – вели Трендафилка Митреска, наставничка по литературен македонски јазик во ОУ “Рампо Левката”.

Loading