ПРЕТСТАВА СО МУЗИЧКА ПОДДРШКА

По премиерата на “Антица”

Театарот премиерно ја прикажа “Антица” по текст на Ристо Крле во режија на Бранко Брезовец. Режисерот заедно со авторот на музиката Марјан Неќак создаде спектакуларна претстава во која го изнесуваат нивниот поглед за случувањата во земјата. “Антица” е претстава полна со музика и емоции. Не помалку значајна е и кореографијата на Кире Миладиноски, зашто актерите Викторија Степановска, Милан Секулоски, Сузана Брезовец, Андон Јованоски, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Игор Трпчески, Петар Горко, Димко Вандески, Александар Степанулески, Наташа Наумоска, Катерина Чакмакоска, Димитрина Мицкоска, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски и Никола Настоски, цело време, час и половина, не само што глумат, туку играат и пеат.

Loading