СЛИКИ ОД СТЕВАН ЦИГАРИДОВ

Изложба со 25 слики од сликарот со битолско потекло кој живее во Скопје Стеван Цигаридов, ќе биде отворена вечерва во 19 часот. Уметникот на првпат изложува самостојно во Прилеп. Цигаридов е автентичен автор, кој остава впечаток, бидејќи работи со изразена симболика. Ја користи човечката фигура за трансформација во апстрактни форми, а потоа создава нова фигура, со нова содржина. Паскал Гилевски забележал дека тој отстапува од своите сфаќања за сликарска техника и за начинот на претставување на своите идеи, зашто обликува сопствен свет и облици, создадени во фантазијата. Цигаридов изложувал во Битола, Скопје, Париз, Белград, Виена, Љубљана, Краљево, Охрид. Редовен член е на ДЛУМ.

Loading