ЛЕНТА ЗА УЧИЛИШЕН ПАРК

Финишот на градежните работи на детското парковско катче во ОУ,,Кире Гаврилоски,,беше свечено обележано пред празникот 11 Октомври. На површина од 3000 метри квадратни со 900 метри квадратни бехатон плочки се изведени амфитеатрални училници за оддржување на настава на отворено. Направени се шест училници со 186 бетонски столчиња со обложување. Засеани се тревнатите површини и изведено е богато хортикултурно уредување. Разновидните бои го надополнуваат амбинетот на весел детски училишен парк. Ова е поттик локалната власт да се ангажира слично да уреди и други дворни површини. Парковската површина е уредена со пари донирани од ЈКП,,Комуналец,, и општина Прилеп, од кампањата ,,За поубав и почист град,,. Проектот е на ЈП за просторно и урбанистичко планирање.

Loading