ПАСТЕЛНИ БОИ ЗА НЕЖНОСТ

Исидора Димкар е ученичка во седмо одделение при ОУ,,Кочо Рацин,,.Ја сретнавме на часот по ликовна уметност, кај наставничката Софија Грабуловска, со перцето в рака. Цртежот на тема ,,Заштеда на водата,, го поделила на оделни едноставни сликички со еко – порака. Темперните боички, намачкани на цртежот со прецизни движења на раката на Исидора, не беа густо нанесени на површината на листот. Сликата изгледаше како да е работена со водени боички. Најомилен предмет и е хемија, а за вакви цртежи одвојува околу час и половина.

Loading