И ПРАКТИЧНО КАДЕ ЗАВРШУВА ДЕЛ ОД УМЕТНОСТА

Основци и среднисти, близок контакт со една од целите на уметноста, имаат во ликовните галерии на ЦК ,, Марко Цепенков,,. Некогаш самоиницијативно, а задолжително во склоп на образовниот процес. Уште учебната година непотпркната, учениците се дел од културно уметничкиот живот на градот. Професорот по ликовна уметност, Александар Тасески, е со група ученици во ликовниот салон при Домот на културата. Овој час е предвиден за хипер реализам, доловен преку ликовната изложба на слики од Димитар Христов. Учениците од сите стручни училишта редовно ги носиме на разни изложби. Објаснуваме за каква уметност станува збор и сите техники по кои работел уметникот, а потоа се задржуваме на една. На пример, сега ќе се задржеме на слика работена со молив – вели Тасески. Учениците задоволни од ваквиот начин на презентација и доближување на ,,уметничкот во нив,,. Не е досадно. Поинтересно е. Има поголема можност да видеме и да се увериме дека уметникот создава за себе. Но, и другите да се пронајдат во неговите уметнички видувања изразени преку разни стилови и техники – кажуваат идните економисти.

Loading