ФИЛИП ЦРТА СТРИП

На тeмата “Заштеда на водата”, ученикот од VIII – б оделение во ОУ “Кочо Рацин” Филип Петрески со туш изработи т.н стрип. На лист од блок нацрта неколку слики на иста тематика со различен мотив. Ова е мој стил. Сакам да сликам стрипови со туш и перодршка. Ми требаше еден час да го изработам – вели Петрески. Под ,,водство,, на Филип лесно се движи перцето по листот хартија. Уметничкиот израз преку карикатури, срочени во стрипови постои одамна. Ретко младите преферираат туш техника за цртање и пренесување пораки. Треба труд и талент да се прикажува еден ист лик, со исти црти, идентично секој број, како на пример Пецко.

Loading