НАЈВАЖНОТО ДЕТСКО ПРАВО ПОЧНУВА СО ЗДР…

Богата и раскошна ,,Неделата на детето,, низ светот

Бучниот глас преку разгласот ја доближи ,,Конвенцијата за правата на детето,, донесена од ООН (УНИЦЕФ). За заинтереираните со препорака кои книги да ги читаат за да се запознаат со тематиката. Се загрееја столчињата додека преку лични творни – состави или песнички, децата се потсетија на нивните права и обврски,

Секоја година на почетокот на октомври се одбележува Неделата посветена на детето. А за тоа колку знаат за правата и обврските децата, ,,ЗЕНИТ,, посети неколку училишта. Децата се како чист здив, како цвеќе кое ако не се негува овенува, а ако се разгалува со глупости ни ,,попува,,. Еве што одговорија:

– Бесплатно лекување, образование!

– Чиста средина, здрава храна!

– Топол и сигурен дом без кавги и насилство!

– Слободно да си играм, да се дружам се моите. најважни права.

– Да му помогнам на другарот ако треба.

– Да ги почитувам родителите и постарите, да ги исполнувам обврските кои ни ги даваат на училиште!

– Да се грижам за моето здравје (најважна за децата е вакцината), да се грижам за хигиената дома на училиште и на улица, да знам како да се движам по улиците, да создавам убава атмосфера и свет со моето примерно однесување секад да нема кавги и насилства – вели деветгодишниот Младен, кој учел за правата и обврските на детето и на училиште. За седум дена ,,Детската недела,, дожд од поштенски марки го полнат детскиот буџет, преку билетите на јавниот сообраќај, поштите, институциите насекаде во светот. Детски организации донираат хуманитарна помош до детски домови.

Loading