ГИМНАЗИЈАТА ЖНЕЕ УСПЕСИ

Гимназијата “Мирче Ацев” важи за реномирана установа. Талентите кои ги негува подоцна успешно се носат со предизвиците во животот. Освоените награди на учениците на разни натпревари се поттик за интелектуален стремеж за докажување. Минатата учебна година плодна за гимназијата. Горди сме на сите кои минале низ филтрите на гимназијата и оставиле печат. Освоени се први и трети места на натпревари по математика, физика, астрономија, шах, германски јазик, историја на државен натпревар, сребрен медал на Балканијада, учество на Светска олимпијада по математика и информатика, пет меѓународни награди, разни општински и регионални натпревари, врвни места при хорско пеење, секогаш веселат… Жнеат награди учениците и со проектните активности од литературниот клуб. Мартина Ацеска и Магдалена Најдоска се таленти чии најдобара текст драмски беше презентиран во ЦК “Марко Цепенков” – кажува Весна Михајловска, директор. Биле успешни и со активности за проект во борбата против трговијата со луѓе.

Loading