ЕКО – СТИКЕРИ ДО ШТЕКЕРИ И ЛАВАБОА

Чекор кон чиста животна средина

Преку математика, музичко, македонски, англиски, географија, ликовно и граѓанско образование, учениците зачекорија ,,еколошки,, на почетокот на учебната година. Предметот екологија како задолжителен во наставата, предвидуваа низа активности за креација на детската имагинација. Во ОУ,,Кочо Рацин,, на часовите по ликовно, петтодделенците веќе изработуваат пароли, постери, цртежи, портфолио, логоа за штедење на електричната енергија и водата. До февруари ќе работат на проектот, а од март почнува еколошкото разубавување на училиштето и дворот. Ќе лепиме стикери по училниците кај натикачите, чешмите, а во план е да се лепат и на одредени места низ градот. Целта е да пренесат порака, да штедиме и да ги подучуваме другарчињата на идеи за како да се штеди. Паралелно се учи за стикерите – што се тие, што значат и како да се залепат. Од отпадни пластичи шишиња, стара хартија, картони ќе правиме скулптури или интересни дела – вели Софија Грабулоска, професорка по ликовно образование. По завршувањето на часовите, еко – патрола ќе проверува дали се изгаснати сијалиците и дали се затворени чешмите. Состојбата во училиштата ќе ја пренесе до наставници во еко – одборот. Екологијата е интегрирана во наставата со активности на децата од прво до осмо одделение. На часовите по мајчин јазик учениците ќе пишуваат состав – есеј за цвеќето, музичко ќе пеат и слушаат еко – песни, по математика ќе мерат дрва, ликовно – ќе сликаат, ќе лепат стикери, на биологија – ќе учат за градбата на цвеќето.

Географијата е резервирана за климата и климатските промени, а по граѓанско ќе се учи за правата на детето за чиста средина преку еко – кодекс донесен од децата. По англиски децата ќе пишуваат состави за цвеќето – вели Лилјана Бошкоска, психолог во ,,Кочо Рацин,,. Со мартовското уредување на училишниот двор со сезонско цвеќе, разубавувањето на училниците, создавање мозаици со цвеќе, поставување на зелени буриња и пребојосување на клупите и ставање нови корпи, почитување на правилата за еколошко однесување ќе јакне свеста кај децата за потребата од здрава животна средина. Да не се гази во тревата, да се фрла селектира хартијата во корпи, да се штеди вода и струја, рециклажа е мисијата на еко – проектот, за да се создаде ефективно еко училиште. Работиме по тројца во група. Учителката ни рече да посееме семе од некое растение во пластична саксија. Го ставивме во темна просторија, и го полевавме со вода. Требаше да видеме кога почнуваат промените и да ги напишеме во тетратката – вели ученик од четврттоодделение. Проектот еко училиште ги опфаќа сите училишта во општината.

Loading