БЛЕСКААТ “ЅВЕЗДИЧКИТЕ”

Од вечерва до недела во ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи годинешното десетто издание на Интернационалниот детски фестивал “Ѕвездички” со 24 учесници од земјата и странство. Од Македонија ќе пеат Сања Роканоска, Марина Богдановска, Петар Богдановски, Ања Еклер, Андреа Костова, Ивана Кормушоска, Адам Катароски, Леон Јосевски, Филип Шабаноски и Симона Јанкоска. Пеат деца и од Русија, Украина, Италија, Србија, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Б и Х, Романија, Летонија, Молдавија… Најсупешните ќе пеат на финалето в недела, кога ќе биде доделена Гран при наградата на Фестивалот.

Loading