”Ако некој некогаш”
Ако некој некогаш те праша
за името на татковината твоја,
кажи му дека името,
е убавината и светлоста
што зрачат од љубовта, моја и твоја.
Ако само некој не знае
каде се наоѓа татковината моја,
ќе му кажам слободно, гордо и исправено:
”Овде е во градиве вгнездена
и за на век ставена”!
Ако човеку не знаеш
како се љуби татковината своја
за рака стисни ме,во очи погледни ме,
ќе видеш искра радост и немирен дух,
како китка откинат од душава моја.
И ако некој љубопитно запраша
за кого толкав поетски порив
испишав со ракава своја,
ќе му кажам
-”За тебе, Татковино моја”!
Бисера Мицеска,
во 7 а одд. ОУ “Кире Гаврилоски–Јане”.