ИЗЛЕТНИЧКИ ДОЖИВУВАЊА

Шаренило од детски досетки, од наивни забележување и дружења преку детски игри под шарената сенка во Паркот на Могила. Прво и второодееленци редат излетничко оганче, играат криенка зад грмушки и стебленца, брканица, растрчани дечиња по страмежливи цветчиња, собрани во круг ги негуваат традиционални детски игри, креираат балети и нижат ,,ора,, со нога и со топка или албуми со стикери. Важно се вистински махери. Се радуваат на секое доживување и секое зборче им е радување. Интересно им е уживањето и другарувањето со нови врсници. Слично размислуваат и така се групираат. Преку игра и трк ги празнат своите ранчиња, легнати или седнати на трева на парталчиња. Убаво се забавуват, новини измислуваат, се учат на грижа и одговорност. Најубаво е од се кога насмевки даруваат. Детската смеа надалеку се слуша. До идната екскурзија влага да им држи, иако, итреците велат дека ,,па може и со книга по некогаш во паркот да се дружи,,. Учителката Соња од ОУ ,,Кочо Рацин,, вели тоа не е ново. Децата послободни и убаво го примаат материјалот кога се во природа.

Loading