ДЕЛОВЕН ЖИВОТ ВО ВИРТУЕЛЕН СВЕТ

Во СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу

–   Како е да се работи во свет без реални пари… За да се стекне образовната титула економски техничар и техничар за трговија и маркетинг во СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,, ученикот мора покрај теорија, да мине и низ практична настава. Петнаесетина ученици од четврта година, формираа ,,своја,, компанија која функционира без реални пари и производи. Се запазуваат сите процеси, документи, постапки, законски прописи и се почитуваат и применуваат. Од докумантација за конкурирање на работно место, интервју за работа, регистрација на фирма, отворање на сметка, тргувања, набавка и продажба, налози, плаќања, водење сметководствена евиденција, изработка на рекламен материјал, подготовка на штанд… Виртуелната компанија датира од 2005 година. Десетте обучени професори и учениците раздвижија проект со помош австриска асоцијација. Групирани ученици имаат своја фирма со лого, печат, која функионира со сите постапки и документи од регистрирањето, сé до продавање или купување… Еднаш годишно се обновува Компанијата, а учениците избираат дали ќе тргуваат со техника, нафта, фармација, скапоцени камења, автомобили, прехрамбени производи, бела техника, козметика, мебел, текстил, спортска опрема, рекламни агенции итн. Има и спонзор што го рекламираат. Во Скопје е Македонскиот сервисен центар кој нуди услуги потребни на училишните компании,

како бланко документи, сметнати од интернет, пополнување и испраќање до сервисниот центар кој има улога на некоја државна институција – објаснува Менче Китаноска, директорка на СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,,. Компаниите ги прошетаа учениците до разни национлини и меѓународни саеми, каде може да се тргува само со виртуелни компании. Најдобро се практицира теоријата, се стекнуваат вештини, компетенции, способност за деловна комуникација, креирање и генерирање идеи. Учат одговорност, ажурност и се соживуваат со работното место. – истакнува професорката Цене Димеска. Учениците, виртуелни работници, велат дека има предност       овој начин на практицирање. Секој професионално и одговорно се однесува кон работата и пред менаџерот. Менаџерот одговара пред генералниот менаџер. Задоволство е да се биде дел од проектот, посебно на саемите каде учениците добиваат од купувачите замислена сума пари за одреден производ. Добар темел е за кариера и напредок. Потребна е поголема поддршка од реалниот бизнис сектор – смета ученикот Мартин Тренески. Освоиле два златни медали за најдобри штандови во 2006 година на Националниот саем Скопје на УК (Образовно рандеву), многу сертификати, награди на национални и меѓународни саеми во Будва, Скопје, Салсбург, Сараево, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, и на Денот на училишните компании во Прилеп.

Loading