ЕКОЛОШКА ЕСТЕТИКА И ЕТИКА

Во ОУ ,,Гоце Делчев,,

Учениците, наставниците, персоналот ОУ “Гоце Делчев,,, родителите, како и жителите на месната заедница ќе засадуваат садници, ќе поставуваат клупи и ќе уредуваат патека од игралиштето до фискултурната сала во рамките на проектот “Еко училиште”. Ќе се чисти дворот. Целта е да се вклучат и други категории граѓани кои ќе влијаат на кревање на еколошката свест на учениците. Се настојува да се воспитуваат децата да не се чуваат застарени саксии, искршени клупи, вазни, да чуваат чисти ходници и да работа со еколошки средства во разубавени училници со ходници со цвеќе. Со тоа се развива и чувството за убавина и естетика кај сите па, и децата. Училишниот персонал е вклучен со заменување стари славини, и обезбедување на техничка вода за наводнување на зелената површина, но и со упатства за рационално користење на водата, електричната и топлинската енергија. Сето тоа ќе се надгледува и контролира од еко патроли. Еко – програмата има тенденција на подолг, одржлив развој и опстанок на планетата. Дизајнирана е да се инволвираат жителите преку формално и неформално образование. “Еко училиште” е дел од проектот “Немаме резервна планета”. Стекнатата теорија се настојува да се примени и во пракса. На пример, учениците по математика решаваат задачи за потрошок на вода или електрична енергија за одредено време и слично. Се активираат одговорноста за здравата средина, чистота во домот, училиштето, локалната заедница – објаснија во училиштето. Училиштето ќе формира еко одбор и ќе изврши анализа на животната средина. Потоа, планирање на активности, информирање, вклучување во наставната програма, вклучување на пошироката заедница, следење на спроведувањето на проектот и изработка на Еко – индекс.

Loading