НОВИ ЛЕКТИРИ В БИБЛИОТЕКА

Со над стотина наслови лектири за основците од македонски и странски автори е збогатен книжниот фонд на библиотеката “Борка талески”. Им се излегува во пресрет на учениците побрзо да дојдат до саканата книга. На располагање се над 26 илјади книги. Инаку, Библиотеката се подготвува за одбележување на 65 годишнината од формирањето.

Loading