БИТОЛСКИ АПЛАУЗИ ЗА ПРИЛЕПСКА “КАВКАСКИОТ…”

Театарот успешно се претстави во Битола со “Кавкаскиот круг со креда”. Публиката имаше можност да ја види најдобрата македонска претстава по текст на Брехт, во режија на Мартин Кочовски во рамките на одбележувањето на 30 години од Центарот за култура – Битола. Карта повеќе се бараше за “Кавкаскиот…” на МОТ во Скопје. Одличен прием имаше во Куманово. Инаку, во театарот се интензивираат подготовките на претставата “Антица”што ја режира хрватскиот режисер Бранко Брезовец. Премиерата е закажана за осми октомври.

Loading