ЛИЧЕН ПЕЧАТ НА ДЕЛАТА

Кристина Малинческа, уметник

Млад уметник, сликар и дизајнер е Кристина Малинческа. Таа е дипломец на дизајн во Софија. Паралелно се слика, дизајнира ентериери, мода, односно работи сé што ја привлекува. Од мали нозе знаела што сака. Завршив средно за мода и текстил. Логично, продолжив во Софија, оти немаше образование за дизајн во Скопје. Со факултетот, го работам тоа што го сакам. Текстилниот дизајн ме инспирира во секоја форма, без оглед дали се работи во ентериер во простор. Убава уметност е. Потребна е само идеја, да се разработи и да се пласира – вели младата уметничка. Нужно е познавање на материјалите, начинот на фиксирање, за остварување на идејата. Предизвикаа внимание дипломската работа, необичните корсети, на изложбата на ДЛУП. Изработив 17 корсети, а видум беа 9. Ја прикажав слободата во уметничко толкување. Сакав да го пренесам мојот став како изгледа задушувањето, каде е границата во која живееме и што се случува кога се ослободуваш. Се коментираше интересниот приод. Ми годеше – објаснува Малинческа. Пподготвува инсталација во простор. Создавам нова инсталација “ткаење на разбој”. Делото ќе е фиксирано, со одредена форма – раскажуваа таа, не откривајќи други детали. Среќна е што е креативна. Уметник е пренесување на внатрешниот креативен порив во јавноста. Важна е инспирацијата и слободата за израз. Се радувам што го работам тоа што сакам, реализирам дизајн на мебел, ентериери на куќи, цртам, илустрирам – вели таа. Преокупација í е и сликањето. Со три колешки ја наслика “Тајната вечера” во трпезаријата на манастирот Свети Илија во Мариово. Сликарството е различно од дизајнот. Тоа е тотална слобода, а во дизајнот се раководиш од вкусовите на поединци. Петмина дизајнери планираме да го раздвижиме градот со модна ревија и да понудиме необично. Сепак, секој ќе има свој печат, ќе биде оригинален и индивидуален – вели Малинческа.

Loading