ЗАПИРАЊЕТО НА НАВАЛУВАЊЕТО

Заводот и Музеј од Прилеп бара од Министерството за култура 3,5 милиони денари да го санира навалувањето на градскиот саат. Изработен е идеен проект. Институтот за земјотресно инженерство потврди дека навалувањето изнесува 85,4 сантиметриод вертикалата. Од 1998 година досега се направени седум мерења со кои е утврдено навалувањето од 85 сантиметри. По проектот на ИЗИС треба да се санира, откако Министерството ќе оддели финансиски средства – вели Гордана Данилоска – Спироска, директор на Завод и Музеј. Саат кулата е изградена во 1858 година. Висока е 38 метри. Пред 18 години се смени петократата со месинген крст на врвот.

Loading