МИНА СОНОТ ДОЈДЕ ЈАВЕ

Летниот распуст надополнет со интересните содржини кои се искреирани со фантазија на децата го прават незаборавен. И овој одмор беше незаборавен за петтодделенците од подрачното училиште ,,Кочо Рацин,, на Рид, кои се под ,,палката,, на наставничката Грозда Велкоска. Воодоошевија со примерни одговори и пристојно однесување. За Лина Антоска доживувањата кои и ги понуди летото биле незаборавни. Беше преубаво. Се капев во бистрите води на Егејското море и вдишував чист воздух преку играта на битолски Пелистер. Но, ми недостасуваше училиштето. Прочитав неколку книги. Најубав впечаток ми остави ,,Пајажината на Клементина,, – вели Лина. Стефан Ангеловски подетално опиша како го поминал летото во Охрид. Одморалиштето Рача му понудило толку возбудување што и во моментот кога ни кажуваше се чувствуваше дека вистински му било забавно.

Навечер играв разни игри со карти. Преку ден се дружев со водата и ширев другарство … – кажува Стефан. Алекасандар Видески стартот на учебната година го почнува со интересирање за нашиот јазик и покрај тоа што сака германски и англиски. Но, целиот клас мечтае побрзо да им стигнат компјутерите. Да им се поолесни учењето и да почнат и теоретски да ги совладуваат тајните за функцијата на компјутерите. Ја кажаа својата желба и не испратија со песна. ,,Мојот свет се вика музика, нема вера – ниту граница… мојот свет се осум ноти и една душа Балканска… – ечеше од грлата на децата, кои преку песна пренесоа порака како изгледа детскиот шарен свет.

Loading