МУЗИКАТА ПРВА – ЛЕКТОРСТВОТО ВТОРА ЉУБОВ

Добрила Грашеска, пејач во “Чалгија саунд систем”

“Стојана мајка учеше”, Три години станав”, “Подрум одам”, “Твоите очи Лено”, “Моми костурчанки”, се дел од омилените песни на прилепчанката Добрила Грашеска, вокал на групата “Чалгија саунд систем”, кои ги пее со душа и срце. Иако по професија е професор по светска книжевност и е лектор кој многу внимава на говорот, вели дека музиката и е прва љубов. Дружбата со музиката ја започнала од најрани години. Од мали нозе сум со музиката. Иако песната ја сакав многу завршив клавир. Растеше љубовта кон музиката. Таа стана дел од мојот живот. Да се дарува музика е исто како да даваш дел од себе. Песната е дарба од Бога. Ако не сакате да направите смртен грев, песната мора да ја дарувате на сите кои сакаат музика. Должна сум да го негувам талентот – раскажува Добрила. Пеењето чалгаџиска музика е поинаква песна. Чалгаџиската песна им е позната на луѓето, заборавена, но им се разбудуваат спомените. Уште повеќе треба да се посвети внимание на чалгаџиската музика. Користиме инструменти, типични за чалгаџиската музика, преку која се пренесува силна енергија и големи емоции. Луѓето се вовлекуваат во песната, во емоциите таа што ги буди – додава Грашеска. Наскоро треба да излезе првиот албум со 18 чалгаџиски песни, пеени во живо.

Loading