ПРОМОВИРАНА “ЅВЕКОТ НА ЅЕВГАРИТЕ” ОД НИКОЛА ЈОВАНОСКИ

ИК”Ризница” ја промовира поетската збирка од Никола Јованоски “Ѕвекот на ѕевгарите”. Промоторите, писателот Петар Петрески и публицистот и новинарот Тренчо Димитриоски, рекоа дека авторот сигурно и со “ѕвекот” граби по веќе трасираниот творечки пат, нудејќи релевантна поетска збирка. Јованоски со литературните творби се појавува во 1983 година, со објавување на песни, раскази, литературни и ликовни критики во повеќе списанија. Негови збирка “Уште нешто”, “Избор”, а трудови се “Албум на Илиндените од Крушево и крушевско”, “Крушево и Крушевската Република” и др.

Loading