СОРАБОТКА МЕЃУ ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА И ФРАНЦУСКИ КУЛТУРНИ ИНСТИТУЦИИ

Реализација на заеднички проекти на регионално ниво меѓу Прилеп и Каен и Шербург, Долна Нормандија, Франција е договорено меѓу директорот на ЦК “Марко Цепенков” Тони Чатлески и претставниците на француските културни институции во двата града, по неговото учество на конференцијата во Франција. Планираме размена на искуства, присуство на прилепски уметници во Франција и на француски во Прилеп, гостувања на театарот, како и соработка на полето на ликовната уметност – вели Чатлески, посочувајќи дека заедно со градоначалникот Ристески, во вистинско светло на конференцијата ја претставиле културата и традицијата на Прилеп.

Loading