СЕ ИСТРАЖУВААТ СЛАМИТЕ ВО МАРИОВО

Екипа од Заводот и Музеј првпат работи на заштитно археолошки истражувања на некропола од железно време на локалитетот Сламите, кај селото Вепрчани, Мариово. Тоа е тумул, гробница од праисторијата, кој веројатно крие значајно богатство. Се истражува три гроба од типот “циста”. Во средината е централен гроб на најстариот член на родот. Очекуваме значајни наоди од железно време – вели раководителот, археологот Александар Миткоски. Локалитетот бил оштетен во 2008 година при санација на патот од селата Дуње кон Вепрчани. Министерството за култура одобри 140 илјади денари за заштитно – археолошките истражувања на Сламите.

Loading