И СЛИКАР И ПИСАТЕЛ

Изложба и промоција на роман од Марија Ѓорѓиоска

Изложба на слики и промоција на новиот роман “Изгубено време” од Марија Ѓорѓиоска ќе има вечерва во 19 часот во изложбениот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Уметничката ќе се претстави со 24 слики масло на картон со платно, работени во последните неколку години. Воодушевена сум од природата, која ме инспирира на уметнички креации. Ми лежат и пејзажи, но на шест се насликани пештери. Деветтипат се претставувам – вели Ѓорѓиоска. Со сликарството е 30 години. Освен самостојните, Марија изложувала на четири групни изложби. Љубов í е и пишаниот збор. Романот “Изгубено време” е најнова, шеста творба, посветена на љубовта на млада двојка, која завршува со брак. Автор е на книгата поезија “Искри на душата”, на двата романи “Гнило гнездо” и “Да си простиме”. Од перото í е произлезена и стихозбирката “Издишки од срцето”.

Loading