“ФРАНК МАНИНГ” ЗА НИКОЛА НАСТОСКИ

Актерот Никола Настоски е добитник на наградата “Франк Манинг” што се доделува британската фондација за најдобрите студенти на Скопскиот универзитет кои биле прогласени за најуспешни на факултетите за општествени науки. Наградата ќе му биде врачена на пригодна свеченост на 29 септември. Младиот актер вели по признанието од ФДУ, сега е ова нов потстрек на стимулот за натамошно усовршување на полето на актерството. “Франк Манинг” се доделува секоја година на шестмина најдобри студенти од 1980 година. Иницирана е од донаторот кој придонесол за обнова на разурнатото Скопје по земјотресот во 1963 година.

Loading