СЕПТЕМВРИСКИ ,,ПОТПЕВ,,

Првата недела од септември децата од “Климент Охридски” имаа убави впечатоци за први септември.

Ѓорѓи буден е на првиот училишен час.

– Најголем впечаток ми остави средбата со нови наставници – вели Ѓорѓи.

Мелани беше возбудена и по малку збунета.

– Ми остава впечаток неизвесноста. Средбата со старите другарки и запознавањето со нови – открива таа.

Иван се смее.

– Наставничке, мислев дека нема да ве препознаам – кажува Иван.

Стефан и Стефана се радуваат на новиот училишен клас, обоен со игрите на новите и веќе познатите другарчиња, потрагата по нови знаења од новите наставници.

Велат:

– Досадно е да седиш дома. Подобро е со другари, игри, веселби да редиш.

За Кирил, првиот септември пред четири години кога стапил во училишните клупи е врежан во неговите мисли.

– Мислев дека училиштето е страшно, дека се лоши наставниците. Не плашеа дека ќе не тепаат, ако не сме мирни.

Џагор од детски глас. И родителите се радуваат на првиот училишен час.

– Зошто? – прашува наставничката Соња.

– И тие се одмораат. Преку нас се враќаат во детството, спомените кога другарувале во школските клупи со книгите – забележуваат дел.

– На први септември и родителите беа во нашите мисли. Чекореа со мисли, не следеа и беа со нас – велат петтодделенците.

Заклучија сите дека први септември буди спомени драги.

Наставничката Соња ги подучува: “Не е злато, сé што сјае”. Така и таа, започнува септемвриски, педагошки и стручни релации со учениците.

Loading