БЕЗ ПРАЗНИ МЕШИЊА

Училишното ѕвоно им ги разбуди и апетитите на учениците. Покрај дружењата, учењето, новите познанства и старите со наставниците, приказните за летниот распуст, интересните случки, и потрошените калории, нужно е пак да се води “есап” за полни стомаци и енергија за совладување на градивото во новата трка за знаење. Гладни психички, да впијат од неизвесноста, но и гладни ,,физички,, не се влегува во новата учебна година. Затоа се собираат пред продавниците да “апнат” пица, лиснато, кифла, сендвич, тост… Ситните паричките кои секој ден обично им се вртат во џебовите, ако не друго, ќе ги потсетуваат на родителите.

Порано се негуваше заедничка училишна исхрана. Се напушти традицијата и едноличноста. Можеби подобро, зашто секое дете посакува посебен вкус и има посебен родителски “џеб”.

Loading