ПРЕГРАТКИ И СКАСКИ ВО ПАРК

На плочникот во групи се збрале другари и другарки од училишни клупи. Разменуваат збор – два за забавата по часовите, и прегратки нижат во низа. Дилемите почнуваат. Каде да се забавуваат. Школското ѕвоно не значи крај за ткаење на ,,љубовниот,, рај. Каде да се собираат, каде спомени да евоцираат, каде да се дружат и раце да “пружат”. И летово неколку културни настани ги собираа пред камениот ѕид. Прегратки, насмевки на лицата се читаат. Итреците знаат. Учлишните грижи се минливи и тие за кратко ќе поитаат. Брзо како што и летото мина, по еден месец нетрпеливо ќе ја чекаат и седенката во зимската “шема”. На група “Рацинови” седмоодделенци, интересно им е на училиште. Со млади наставници, со дружење и спорт, музика и географија ги мами. А средношколците пак, ги влече природен амбиент, сенка и домашниот кревет. Во паркот, рој од млади лица, мирно чекаат превоз за дома по селата.

Loading