ПОРАСНАТИ ЗА ЗНАЕЊЕ СО ШЕСТ ГОДИНИ

Новите генерации ученици, идни академци, се бистри, умни и темпераментни со изразена креативност. Има и срамежливи и повлечени. И немирни, палави, разгалени, научени сé да им е погодено. Кој ќе ја преплива образовната бура, зависи од дарбата и залагањата. Но, и од поттикот кој треба да им го скрои постепено наставникот, децата да може нормално да се вклопат, преку букви, бројки, цртежи, натпревар да се докажат кое поле им е “слабост” за творење, а за кое имаа талент. Ако забележиме екстремност, нескротлив темперамент или повлеченост и тешкотија при совладувањето на задачите, во соработка со родителите, го следиме детето и однесувањето – велат психолози.

Педагошко – психолошкиот “тест” им даде виза да седнат во новобојадисаните шарени училници со разни реквизити, играчки, помагала за учење. Вака се следи првиот контакт со училишната просторија, со предметите, боичките и однесувањето со групата дечиња и приврзаноста со родителот кога ќе влезат во просторијата. Педагозите велат дека има период на адаптацијата на амбиентот и создавањето атмосфера пријатна за дружба и учење. Тоа зависи и од учениците и од наставниците. Без класично тестирање преку цртеж или прашување, но со следење на текот и однесувањето на учениците и нивното вклопување за нив во работната училишна средина. Во периодот на адаптација, децата учат по препознавање, на памет. Потоа го разбираат она што им се кажува. Со комуникација, визуелна – вербална, се следи како говори, колку има најосновни познавања, што е она што забележува. Најважно е за упис детето да има примени вакцини. Го нема генерацискиот јаз на упис на постари, помали. Редовно запишаните се иста генерација. Првачња со полни шест години (генерацијата 2004). Има отстапка за родени до 31 јануари 2005, за кои може по барање на родителите и со потврда за примени вакцини да се запишат порано – објаснуваат образовни работници.

Loading